Според анализата на ММФ, додека еврозоната се очекува да има раст нешто повеќе од еден отсто годишно до 2031 година, помалите економии меѓу кои и шестката од Западен Балкан – Македонија, Косово, Србија, Албанија, Црна Гора и Босна и Херцеговина се очекува да ја надмиат еврозоната со повеќе од два спрема еден и да остварат раст од околу три отсто како што е светскиот просек.
Најбрзорастечка економија во Европа според прогнозата на ММФ е Малта со очекуван раст од 3,96 отсто до 2031 година, додека најслаб раст ќе имаат најголемите економии – Италија од 0,7 отсто и Германија од 0,92 отсто. Економиите од Европската Унија, според прогнозата на ММФ се очекува да имаат раст од 1,44 отсто, додека еврозоната 1,21 отсто.
Високиот јавен долг, стареењето на населението, слабата продуктивност, долготрајните трошоци за енергија и постојаната геополитичка неизвесност се очекува да го одржат растот далеку под историските норми во остатокот од деценијата за големите европски економии. Според најновите економски перспективи на Меѓународниот монетарен фонд, се предвидува дека еврозоната ќе се прошири за само 1,2 отсто годишно во просек помеѓу 2027 и 2031 година, при што нејзината најсилна година, 2028 година, ќе достигне само 1,4 отсто. Пошироката Европска Унија се справува малку подобро со 1,4 отсто годишно, повторно достигнувајќи врв во 2028 година од 1,6 отсто.
Истовремено, според прогнозата на ММФ се предвидува дека глобалното производство ќе расте за околу 3,2 отсто годишно во истиот период. Се очекува растото на Азија да продолжи и биде 4,6 отсто годишно, а Индија за 6,5 отсто, додека дури и субсахарска Африка е на добар пат да порасне за 4,6 отсто.
Двојно побрзо темпо на раст од еврозоната во следните пет години се очекува да имаат многу помали европски нации, кои се протегаат од Медитеранот до Западен Балкан и Источна Европа.





