вторник, 7 јули 2026

Фабијани: Примивме гол кога игравме најдобро, знам што значи Вардар

Вардар со пораз ја отвори новата европска сезона, откако на домашен терен загуби од КуПС со 0-2 во првиот натпревар од квалификациите.

Објавено на

часот

Сподели

Македонскиот шампион сега ќе има тешка задача на реваншот во Финска, каде ќе брка два гола негатива.

По натпреварот, тренерот Кристијан Фабијани порача дека неговиот тим не смее да ја загуби вербата и потенцираше дека екипата има потреба од време за да го достигне посакуваното ниво.

До примениот гол разликата беше што креиравме доста, по десната страна креиравме и добра шанса, но во нашиот најдобар момент примивме погодок. Знаевме дека КуПС е искусна екипа од европски настапи и по еден натпревар не треба да анализираме како сите работи да се негативни.

Ривалите на подготовките беа послаби, но на подготовките важен ни беше физичкиот дел и ние добро одработивме. Тврдам дека подготовките беа успешни. Треба да продолжиме да работиме, ни треба време и во јули ниту една екипа не е максимално подготвена. Еден месец не е доволно време за да го прикажеме нашето најдобро издание. Јас сакам да играме по земја, тактички и допадливо. Извршив неколку замени во вториот дел за да добиеме на брзина, но сами си компликувавме со погрешни пасови. Босанчиќ влезе со срце во дуелите, нема да што да му замерам за настапот и за црвениот картон.

Знам каков е притисокот во Вардар, доаѓам од големи клубови во Аргентина и знам што е одговорност и притисок. Сами сме виновни, кога ќе загубиме треба да молчиме и напорно да работиме. Гостуваме во Финска да се надигруваме, ни следи натпревар на вештачка трева и нема да се предадеме. Верувам дека можеме да победиме“, изјави Фабијани.

Вардар на реваншот ќе биде ослабен бидејќи нема да може да смета на Босанчиќ, кој доби црвен картон во финишот од натпреварот. Вториот дуел против КуПС се игра следниот вторник во Финска со почеток од 17:00 часот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ