Ѓоковиќ има 39 години, но возраста не му беше пречка да одигра маратонски меч и да победи.
Србинот го доби првиот сет во тајбрејк кој заврши 12-10. Следуваше сет на канадскиот тенисер со 6-3 за израмнување на 1-1.
Ѓоковиќ со идентичен сет од 6-3 ја врати предноста во сетови, а во четвртиот сет пак се играше тајбрејк кој го доби Оже-Алијасим со 7-4.
Драмата продолжи во петтиот решавачки сет, и тој се играше во супертајбрејк кој го доби Ѓоковиќ со 10-4 за победа од 3-2.
Ѓоковиќ во полуфиналето ќе игра против првиот носител Синер.





