среда, 10 јуни 2026

„Алембик“ со концерт во МКЦ за новиот албум „Без никого да удриш“

„Алембик“ се состои од Ива Дамјановски на клавијатури, теремин и вокал и Виктор Танасковски на гитара и вокал. Нивниот прв, истоимен албум е издаден во 2022 година и е посветен на конфликтот, но и на возможната симбиоза на природата и технологијата.

Објавено на

часот

Сподели

После многу настапи низ цела Европа, како и последниот во Даблин, Алембик го промовираат нивниот нов албум во Скопје!
Премиерната концерна изведба на вториот студиски албум „Без никого да удриш“ на дуото „Алембик“ ќе се одржи во Младинскиот културен центар на 11 јуни, со почеток во 20 часот.
Во новиот албум тие соработуваат со Андреа Мирческа на бас, Драган Теодосиев на тапани и Филип Ефински како гостин на неколку песни. Албумот е посветен на борбата против насилството, што е тема присутна низ сите песни.
На концертот ќе може и за првпат да се погледне документарниот филм за процесот зад создавањето на овој албум, во режија на Теона Христовска. Исто така, ќе можете и да го купите првото винилно издание на „Алембик“ во продукција на „Мртов коњ“ и „Ракамакафон“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ