вторник, 9 јуни 2026

Автомобил во движење се запали на булеварот „Јане Сандански“

Патничко возило поло со скопски регистарски ознаки се запалило попладнево на булеварот „Јане Сандански“ во Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Објавено на

часот

Сподели

Според полицијата, настанот бил пријавен во 17:56 часот во СВР Скопје, при што било наведено дека возилото, сопственост на С.М. (61) од Скопје, се запалило додека било во движење.

Пожарот бил изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.

Од МВР дополнуваат дека нема повредени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ