Привремената база на англиската фудбалска репрезентација во Орландо, Флорида, беше потресена од силен земјотрес со јачина од 6,1 степени. Овој инцидент предизвика паника и евакуации во делови од градот, каде што тимот се подготвува за претстојното Светско првенство во 2026 година. Засега нема пријавени повредени лица ниту материјална штета, но снимки објавени на социјалните мрежи покажуваат како згради се тресат и мебел се поместува за време на потресот.
Епицентарот на земјотресот бил крај брегот на Куба, но ударните бранови се почувствувале стотици километри подалеку на Флорида. Американскиот геолошки завод соопшти дека станува збор за еден од најсилните регистрирани земјотреси во регионот, каков што не е забележан од 1880 година. Потресите биле почувствувани дури и во туристичките центри во Мексико, вклучувајќи ги Канкун, Плаја дел Кармен и Тулум.
🫨 DID YOU FEEL IT?: Magnitude 6.1 earthquake strikes off the northwest coast of Cuba with reports of shaking felt as far north as Orlando, Florida. Stay with FOX Weather for the latest: pic.twitter.com/BtjKjPxmDv
— FOX Weather (@foxweather) June 8, 2026
Во Орландо, дел од објектите биле евакуирани, а потресот се почувствувал и во „Дизни Ворлд“, што дополнително ја зголеми паниката кај локалното население. Жители на Флорида ги опишаа моментите на страв, велејќи дека „ја почувствувале земјата како да се отвора под нив“.
Англиската репрезентација веќе неколку дена престојува на Флорида како дел од подготовките за Мундијалот, а во среда ја очекува пријателски натпревар против Костарика. По овој дуел, „Гордиот Албион“ ќе се пресели во Канзас Сити, каде што ќе биде сместен за време на Светското првенство.
Овој земјотрес е само уште еден во низата неочекувани настани за Англичаните во САД. Претходно беше пријавен инцидент со пукање во близина на нивниот тренинг камп во Канзас, а за време на престојот во Орландо се најавуваат и силни временски непогоди со грмотевици.






