Според пријавеното, пред три дена во угостителски објект во Тетово, пријавениот со закана со пиштол побарал од вработениот да му ги предаде парите. Откако вработениот одбил и му кажал да го напушти објектот, помеѓу нив настанала физичка пресметка.
Во текот на инцидентот, Х.Д. со кундакот од пиштолот го удрил вработениот, по што случајот бил пријавен во полиција.






