Како што информира МВР, на 8 јуни во 10:09 часот лекар од Итната медицинска помош во Виница пријавил дека кај нив бил донесен В.А. (71) од село Драгобраште, кој се здобил со повреди при несреќа со трактор. И покрај укажаната медицинска помош и извршената реанимација, тој им подлегнал на повредите.
По наредба на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани, увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Виница. При увидот било утврдено дека несреќата се случила на 6 јуни во вечерните часови на локален пат во селото, кога В.А. со тракторот што го управувал излетал од патот.
По несреќата, тој се вратил дома без да побара лекарска помош. Два дена подоцна, околу 9 часот наутро, неговиот син го однел во болницата во Виница, од каде бил препратен во болницата во Кочани. Сепак, по кратко време му се влошила здравствената состојба, по што била повикана екипа на Итната медицинска помош од Виница, која безуспешно се обидела да го реанимира.
Надлежните институции преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.






