Како што соопшти МВР, приведувањето било извршено на 8 јуни околу 18 часот на улицата „Илинденска“ во Тетово.
Според полицијата, 36-годишникот се поврзува со повеќе кривични дела „кражба“ извршени на подрачјето што го покрива Полициската станица Гостивар.
Осомничениот е задржан во полициска станица, а по целосното расчистување и документирање на случаите против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.






