среда, 10 јуни 2026

Омерагиќ: Казната за Вардар од УЕФА можеше да биде поголема

По синоќешната информација дека Вардар е казнет со 250.000 евра, денеска се огласи и претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ.

Објавено на

часот

Сподели

На денешниот брифинт со новинарите, Масар Омерагиќ зборуваше и за казната на Вардар од УЕФА поради лошо финансиско работење.

„УЕФА нѐ конктактираше и истрагата траеше пет-шест месеци. Ова не е нешто врз кое може да влијае ФФМ. Федерацијата е чиста и нема никаква врска со рејтингот. УЕФА донесе ваква одлука, таа можеше да биде и полаша и Вардар да не игра во Европа. Паричната казна е висока, но добро е што нема елиминација“, рече Омерагиќ.

Претседателот на ФФМ се осврна и на завршената сезона во која Вардар стана шампион.

„Имавме добра сезона, немавме скандалозни одлуки на ВАР. Имавме тешко првенство, испаднаа клубови со традиција, но тие треба да ја бараат вината во своите редови. Сега почнуваме со нов систем натпреварување, четирикружно. Сите реформи за оваа сезона се спроведоа во рамки на рекордно време. За да беше оваа година комплетно совршена требаше да отидеме само уште на СП, меѓутоа кога ќе видиме какви репрезентации не се пласираа јасно е колку беше тешко“, објасни Омерагиќ и ги прокоментира и новите прволигаши.

„Испративме мејлови до Скопје и Шкендија Арачиново дека во најбрз рок мораат да извршат лиценцирање за да можат да играат во елитата. Тука не се прашуваме ние тоа се прописи кои мораат да се почитуваат. Тие мејлови наскоро ќе бидат објавени“.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ