среда, 10 јуни 2026

Белфаст во пламен откако Суданец се обиде да обезглави човек (ВИДЕО)

Масовни немири избувнаа во Белфаст синоќа на антиимиграциските протести организирани по бруталниот напад со нож што доведе до апсење на 30-годишен Суданец. Маж во 40-тите години беше сериозно повреден во нападот, откако напаѓачот, според вознемирувачките снимки што се појавија на социјалните мрежи, се обидел да му ја обезглави главата на улица.

Фото: принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

Улиците на Белфаст експлодираа синоќа. Демонстранти запалија автобус, неколку возила и најмалку неколку куќи за време на насилните немири во главниот град на Северна Ирска.

„Спорадични жаришта на насилство избувнаа на поголем број локации низ Северна Ирска вечерва, вклучувајќи инциденти каде што беа запалени неколку возила“, рече висок офицер на Полициската служба на Северна Ирска, Рајан Хендерсон.

„Повторно апелираме за смиреност и ги молиме сите влијателни гласови во локалната заедница да охрабрат мирни протести и да обесхрабрат какво било учество во насилство или нереди“, додаде Хендерсон.

Немирите избувнаа додека толпите се собираа за планираниот антиимиграциски протест. На улицата Њутаунардс, во источен Белфаст, маскирани мажи запалија контејнери и ги турнаа во автобус „глајдер“, кој потоа се запали. Локалните медиуми известија за блокирани патиштата во Белфаст и во други делови од Северна Ирска.

Покрај возилата, беа запалени и куќи. Прес асосијејшн извести дека жителите биле евакуирани од куќите што биле запалиле на улицата Лендрик, источен Белфаст. Противпожарни екипи излегле на местото на настанот, а од снимките се гледа пламен што излегува од прозорците и густ чад што се крева во воздух.

Премиерката на Северна Ирска, Мишел О’Нил, остро го осуди насилството.

„Групи маскирани мажи што палат куќи и ги бркаат семејствата од нивните домови се ништо помалку од одвратен кукавичлук“, напиша О’Нил на социјалните мрежи.

„Ова нема никаква врска со заедницата. Ова е чист хулиганизам“, додаде политичарката од Шин Фејн. Таа рече дека „нема оправдување“ за вакви напади и дека „расизмот, заплашувањето и насилството се погрешни“.

Министерот за образование на Северна Ирска, Пол Гиван, предупреди дека какво било насилство на антиимиграциските демонстрации ќе „го одвлече вниманието“ од пораката што демонстрантите се обидуваат да ја испратат.

Немирите следеа по нападот со нож во понеделник вечерта во областа Кинаирд Авенју во северен Белфаст. Жртвата, маж на околу 40 години, заврши во болница со сериозни повреди на лицето, вратот и грбот. Неговата состојба е опишана како сериозна.

Триесетгодишен Суданец е обвинет за обид за убиство, поседување остар предмет на јавно место и закани за убиство. Тој треба да се појави пред судот во Белфаст во среда, кога неговото име треба да биде познато на јавноста во Северна Ирска.

Според досега објавените информации, тој влегол во Северна Ирска од Ирска во февруари 2023 година, откако долетал во Даблин од Париз. По пристигнувањето, тој аплицирал за азил и во септември 2023 година му е одобрена дозвола за престој во Обединетото Кралство до 2028 година.

Полицијата соопшти дека ги разбира загриженостите на јавноста по нападот, но предупреди дека насилството, заплашувањето и палењето на имот не можат да го оправдаат протестот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ