среда, 10 јуни 2026

Мај 2026 година беше втор најтопол во историјата на мерењата

Мај 2026 година беше втор најтопол во историјата на глобално ниво, обележан со исклучителни температури на океанот и копното и невообичаено ран топлотен бран во Западна Европа, објави денес Службата за климатски промени Коперник, објави ЕКМВФ.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Просечната глобална температура на воздухот во мај достигна 15,81 степен Целзиусов, што е за 0,55 степени над просекот од 1991-2020 година. Само мај 2024 година беше потопол, се вели во соопштението.

Температурите на површината на морето останаа блиску до рекордните вредности, при што тропскиот Пацифик продолжи силно да се затоплува, а условите се движеа кон развој на феноменот Ел Нињо.

Европа доживеа остар премин од температури пониски од просекот до период со екстремна топлина во втората половина од месецот.

Западна Европа, вклучувајќи ги Франција, Обединетото Кралство, Ирска и Португалија, доживеа еден од најинтензивните рани топлотни бранови во историјата на мерењата, при што се соборени голем број температурни рекорди за мај.

Температурите во неколку региони достигнаа помеѓу 35 и 40 степени Целзиусови, создавајќи услови на сериозен топлотен стрес.

„Невообичаено раниот и интензивен топлотен бран во Европа покажува колку брзо климатските екстреми стануваат нова нормалност, а не исклучок“, рече Саманта Бургес, стратешки менаџер за клима на ЕКМВФ.

Додека делови од западна и јужна Европа, вклучувајќи ги Шпанија и Италија, беа посуви од просекот, поплави ги погодија Турција, Бугарија и Молдавија. Од друга страна, северна Европа и делови од Скандинавија доживеаја повлажни услови од просекот.

Ова е во спротивност со широко распространетата суша низ централна и источна Европа, каде што речните текови во главните сливови, вклучувајќи ги Дунав и Висла, паднаа под просекот.

Надвор од Европа, повлажни од просекот услови беа забележани во северна и југоисточна Северна Америка, делови од Азија, западна Кина, Бразил, јужна Африка и Австралија.

Сушата ги погоди централниот дел од Соединети Американски Држави, поголемиот дел од Јужна Америка, Мадагаскар и југозападна Австралија.

На Арктикот, обемот на морскиот мраз беше околу 4 проценти под просекот во мај, е четвртата најниска регистрирана вредност за тој месец.

На Антарктикот, морскиот мраз беше околу 9 проценти под просекот, седмата најниска вредност за мај, со особено ниска покриеност во морето Белингсхаузен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ