Канани за англискиот портал Експрес издвоил три телесни симптоми кои можат да укажуваат на дијабетес тип 2, а најизразени се токму во утринските часови.
„Може да забележите зголемена жед, чувство на глад или потреба за често мокрење“, објаснил тој.
Прекумерната жед, стручно наречена полидипсија, е еден од првите симптоми на дијабетес. Иако повремената жед е нормална појава, постојаната или невообичаено силна жед – дури и по внесување течности – може да биде предупредувачки знак.
Вториот показател е полифагија, односно прекумерно чувство на глад. Кај дијабетесот тип 2, организмот отежнато ја користи енергијата од храната, што може да доведе до постојано и интензивно чувство на глад.
Третиот симптом што го истакнува фармацевтот е полиурија, односно потребата за мокрење почесто од вообичаено.
Други симптоми на кои треба да се обрне внимание
Британската Национална здравствена служба (НХС) наведува и други чести симптоми на дијабетес тип 2. Меѓу нив се:
- изразен замор,
- ненамерно губење на телесната тежина,
- заматен вид,
- бавно зараснување на исеченици и рани.
Исто така, може да се појават чешање во гениталната регија или чести габични инфекции.
Овие симптоми се исти и кај возрасните и кај децата, а доколку се појават, најчесто се развиваат постепено.
Кога треба да посетите лекар и зошто појадокот е важен
Од НХС препорачуваат што е можно поскоро да се обратите кај вашиот матичен лекар доколку забележите кој било симптом што би можел да укажува на дијабетес. Едноставен тест на крвта може да потврди или да исклучи постоење на оваа состојба.
За лицата кај кои веќе е дијагностициран дијабетес, Канани ја нагласува важноста на појадокот за одржување на нивото на шеќер во крвта под контрола.
„Нивото на шеќер во крвта природно е повисоко кога ќе се разбудиме, па генерално се препорачува појадокот да се консумира во рок од еден до еден и пол час по будењето“, советува Канани.






