Босанците подобро го почнаа мечот. По еден корнер во 21. минута, Колашинац со глава асистираше до Лукиќ кој исто така со глава погоди за водство од 1-0.
По дадениот гол БиХ се повлече во низок блок и чекаше контра напади кои тешко доаѓаа. Канада се обидуваше да израмни.
Во вториот дел Босанците почнаа да играат малку поотворено, а тоа донесе и повеќе шанси за Канада. Фудбалерите на БиХ двапати исфрлуваа од гол линијата.
Босанците имаа шанси и за да го зголемат водството, но откако не го направија тоа казната стигна во 78. минута. Тогаш Ларин кој влезе само две минути претходно даде гол за конечни 1-1.






