Шпанија беше голем фаворит во овој меч и тоа го покажа на теренот, македонските одбојкарки денеска изгледаа немоќно.
Најдобри бевме во третиот сет кога освоивме 15 поени, ужасно одигравме во вториот во кои имавме само шест.
Најефикасни во нашата репрезентација беа Милевска и Терзиевска со по четири поени.
Македонија утре игра нов меч во Аликанте, противник ни е селекцијата на Азербејџан. Дуелот се игра од 18:30 часот.






