ФИФА објави дека на стадионот „Акрон“ имало 44.985 гледачи, но снимките од трибините покажаа голем број празни седишта. Поради тоа, на социјалните мрежи се појавија сомнежи околу официјалната бројка.
Стадионот за време на Светското првенство има капацитет од околу 46.000 места, што според податоците на ФИФА значи дека бил речиси исполнет.
Како главна причина за ваквата слика многумина ги посочија високите цени на билетите. Најевтините чинеле околу 60 долари, додека најголем дел од влезниците се продавале за околу 378 долари. ВИП пакетите достигнувале и повеќе од 4.000 долари.






