петок, 12 јуни 2026

Пандев ќе биде дел од ревијален меч меѓу легендите на Интер и Реал Мадрид

Македонската фудбалска икона, Горан Пандев пак ќе истрча на „Сантијаго Бернабеу“ каде пред 16 години со Интер ја освои Лигата на шампионите.

Објавено на

часот

Сподели

Пандев е меѓу повиканите за ревијалниот меч меѓу легендите на Интер и Реал Мадрид кој се игра во рамки на традиционалниот хуманитарен настан „Корасон Класик Меч“.

Македонецот ќе биде дел од тимот на Интер заедно со неколку поранешни ѕвезди на италијанскиот великан, меѓу кои се Хавиер Занети, Естебан Камбијасо, Маикон, Лусио и Џампаоло Пацини.

Натпреварот е закажан за 13 јуни и традиционално собира голем број фудбалски легенди пред преполните трибини на стадионот во Мадрид.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ