Во неделата во Лондон, францускиот, германскиот и британскиот лидер изразија поддршка за предлогот на Зеленски за „директен дијалог“ меѓу Украина и Русија, чија цел е ставање крај на конфликтот што почна пред повеќе од четири години, пренесоа француските медиуми.
Руската дипломатија соопшти дека амбасадорите биле запознаени со „деструктивната политика“ на нивните три земји кон Украина, обвинувајќи ги дека сакаат „да ја продолжат војната против Русија“.
Рускиот претседател Владимир Путин минатата недела изјави дека не гледа „смисла“ да има средба со Зеленски сè додека претходно не биде постигнат договор за ставање крај на војната.






