Возбудливо почна Светското фудбалско првенство. Повеќе шанси, два гола и три црвени картони видовме на денешното отворање на Мундијалот.
Натпреварот рано беше отворен, Кињонес уште во деветата минута искористи една грешка на Јужна Африка и постигна гол за водство на Мексико од 1-0.
И покрај водството Мексико ја продолжи доминацијата, Јужна Африка изгледаше инфериорно, тешко успеваше да се закани.
По четири минути игра во второто полувреме, Јужна Африка остана со фудбалер помалку откако Ситхол заработи црвен картон откако направи фаул како последен играч.
Предноста од фудбалер повеќе Мексико ја искористи во 67. минута кога Раул Хименез постигна гол со глава за водство од 2-0.
Во 84. минута Јужна Африка доби уште еден црвен картон откако Зване намерно удри по глава фудбалер на Мексико.
Пред крајот на мечот видовме и уште еден црвен картон, Монтес од Мексико беше исклучен. Сосема непотребен старт на Мексиканецот.
Домаќинот имаше одличен почеток на Светското првенство, ги освои трите очекувани бодови на стартот од големите игри.






