четврток, 11 јуни 2026

Израел ѝ забрани влез на француска новинарка, РФИ тоа го смета за кршење на слободата на медиумите

Израелските власти денеска соопштија дека на аеродромот во Тел Авив ѝ забраниле влез во земјата на француската новинарка Алис Фрусар, која веќе неколку години известува за израелско-палестинскиот конфликт за Радио Франс и Радио Франс интернасионал (РФИ).

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Таа одлука доаѓа два дена откако Франција му забрани влез во земјата на израелскиот министер за финансии Безалел Смотрич.

„Алис Фрусар се обиде да влезе во Израел и трајно да ја продолжи својата работа овде, но препораката на министерството беше прифатена и новинарката беше депортирана и со авион вратена во Франција“, напиша на социјалните мрежи израелскиот министер за дијаспора и борба против антисемитизмот Амичај Чикли.

Тој ја обвини новинарката дека е приврзаник на палестинското исламистичко движење Хамас.

РФИ ја осуди депортацијата, оценувајќи ја како загрозување на слободата на медиумите.

Радиостаницата прецизираше дека нивната новинарка „има потребна дозвола за патување и важечко барање за новинарска виза за работа на Западниот Брег“.

Таа додаде дека „израелските власти не му дале на РФИ никакво образложение за таа одлука“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ