четврток, 11 јуни 2026

Жителите на Капиштец на протест, Герасимовски вети, податоците за бучавата ќе бидат јавно достапни

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, заедно со својот тим и дел од советниците, вечерва ги ислуша барањата на жителите кои излегоа на собир во Капиштец за да го изразат своето незадоволство од прегласната музика од угостителските објекти и нарушениот јавен ред и мир во населбата, информираат од локалната самоуправа.

Објавено на

часот

Сподели

„Континуирано се справуваме со проблемот со прегласната музика во Капиштец. Покренавме и иницијатива со жителите кои се потпишаа на истата и побаравме сите надлежни институции и ресорни министерства активно да се вклучат во решавањето на проблемот, бидејќи станува збор за прашање кое е во надлежност на повеќе институции, а не само на локалната самоуправа. За жал, иако имавме многубројни координативни средби, на терен не добивме соодветна поддршка“, истакна Герасимовски.

Тој нагласи дека Општина Центар во рамки на своите надлежности редовно спроведува контроли и изрекува санкции, а на повеќе локации низ општината се поставени дигитални мерачи за бучава.

„Апликацијата наскоро ќе биде достапна онлајн и секој граѓанин ќе може да ја следи бучавата на клучните точки во општината, вклучително и во Капиштец. Еден од мерачите е поставен во близина на угостителски објект на улицата Народен фронт. Податоците ќе бидат јавно достапни преку ГИС-платформата и веб-страницата на Општина Центар“, рече Герасимовски.

Жителите побараа засилено присуство на полицијата во населбата, посочувајќи дека во ноќните часови се нарушуваат редот и мирот во околината на угостителските објекти. Тие укажаа и на узурпација на јавните површини, како и на несоодветно однесување на дел од посетителите во алкохолизирана состојба.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ