Мурињо ќе ја преземе екипата на 13 јули кога тимот ќе ги започне подготовките за новата сезона, а за неговиот ангажман мадридскиот клуб ја активирал откупната клаузула од 15 милиони евра која беше вклучена во неговиот договор со Бенфика. За 63 годишниот тренер ова ќе биде втор мандат на „Сантијаго Бернабеу“, откако претходно го водеше Реал Мадрид во периодот од 2010 до 2013 година.
Португалецот пристигнува од Бенфика, каде што не успеа да освои трофеј и сезоната ја заврши на третото место во португалското првенство, што значеше и неуспех во трката за пласман во Лигата на шампионите.
Сепак, тоа не ја намали довербата на претседателот Флорентино Перез, кој силно се залагал за негово враќање. Мурињо дури беше дел и од изборната кампања на Перез во пресрет на претседателските избори во клубот.
Во својот втор престој во Бенфика, Мурињо оствари учинок од 27 победи, 10 ремија и 8 порази на вкупно 45 натпревари.






