четврток, 11 јуни 2026

Босанците сакаат резултат на СП, не епизодна улога

Напаѓачот на Босна и Херцеговина, Ермедин Демировиќ, пред стартот на Светското првенство изјави дека тимот е подготвен и ќе даде максимум за добар резултат.

Фото: БиХ фудбалска федерација

Објавено на

часот

Сподели

Босна и Херцеговина утре го започнува настапот на Светското првенство, а еден од најважните играчи во тимот е Ермедин Демировиќ. Напаѓачот, кој беше под притисок во претходниот период, очекува да блесне на најголемата сцена.

„Ова е нешто што посебно го доживуваме. Едвај чекаме да почне“ – изјави Демировиќ, истакнувајќи ја благодарноста за поддршката од навивачите. „Нема многу репрезентации со таква поддршка. Таа ќе ни биде дополнителна сила на Мундијалот.“

Демировиќ нагласи дека тимот мора да ја промени свеста. „Не дојдовме да гледаме стадиони и да доживуваме шампионат. Дојдовме да направиме резултат“ – порача тој, додавајќи дека во нападот недостигаше квалитет за време на отсуството на Харис Табаковиќ и Един Џеко.

И покрај тоа што Канада се смета за фаворит, Демировиќ не обрнува внимание на тоа. „Не размислувам што мислат тие. Треба да се држиме до нашата игра, сега е прилика за сите“ – рече тој, заклучувајќи со мотото: „Полн гас, максимум од секого. Тоа е нашиот стил.“

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ