четврток, 11 јуни 2026

Миењето на овошјето не е доволно: Скриени остатоци на него

Овошјето и зеленчукот се неизбежен дел од здравата исхрана, но неодамнешните случаи на откривање на зголемени количини на пестициди во одредени видови храна повторно го отворија прашањето колку се навистина чисти производите што ги купуваме секојдневно.

Фото: Ансплеш

Објавено на

часот

Сподели

Експертите истакнуваат дека со обично миење со вода не е секогаш можно да се отстранат сите остатоци од пестициди и други непожелни супстанции. Иако на тој начин се отстранува површинската нечистотија, одредени траги од хемикалии можат да останат на намирниците.

Посебно внимание се препорачува за производи како зелена салата, јагоди, малини и домати, кои често се консумираат свежи.

Затоа, се препорачува темелно да се измие и да се користат дополнителни методи за чистење кои можат да помогнат во отстранувањето на поголемиот дел од нечистотиите.

Иако експертите велат дека нема место за паника, тие нагласуваат дека информираноста и правилното подготвување на храната може да помогне во намалувањето на изложеноста на остатоци од пестициди и зголемување на безбедноста на секојдневната исхрана.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ