четврток, 11 јуни 2026

Руси вградија „механичко срце“ со магнетно лебдење: Надеж за пациентите што чекаат трансплантација

Кардиохирурзите во Националниот медицински истражувачки центар „Е.Н. Мешалкин“ при Министерството за здравство на Русија станаа првите во Русија што претставија нов уред за долготрајна механичка срцева поддршка, соопшти прес-службата на центарот.

Фото: Ансплеш

Објавено на

часот

Сподели

Како што е наведено, станува збор за кинески уред кој користи технологија на динамично магнетно лебдење, во која роторот на пумпата е „закачен“ во магнетно поле и истовремено се движи ротационо и вертикално, со што се намалува ризикот од згрутчување на крвта, пренесува Интерфакс.

Според центарот, операциите биле извршени под надзор на експерти од еден од најголемите центри за кардиологија во Кина, кои имаат најголемо искуство во примената на оваа технологија.

Уредот, тежок околу 90 грама, е наменет за пациенти со срцева слабост во крајна фаза и може да ја преземе функцијата на левата комора додека пациентот чека трансплантација на срце.

Првиот пациент на кој му беше вграден системот е 53-годишен маж со дијагноза дилатациона кардиомиопатија, кој чекал трансплантација на срце.

Центарот Мешалкин соопшти дека интервенцијата била успешна и дека лекарите се задоволни од почетните резултати, со планови за поширока примена на оваа технологија во лекувањето на тешки срцеви заболувања.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ