„Денеска во 13:30 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на експресниот пат Градско-Прилеп, после исклучокот за Кавадарци, се случила сообраќајна несреќа помеѓу две патнички возила. Од екипа на Итна медицинска помош Кавадарци на местото била констатирана смрт кај возач и сопатничка во едното возило, а во Општа болница Кавадарци кај возачот од другото возило биле констатирани тешки телесни повреди и бил пренесен во комплексот клиники Мајка Тереза во Скопје“, појаснија од СВР Велес.
Оттаму додадоа дека увид на местото врши јавен обвинител во содејство со увидна екипа од ОВР Кавадарци. Сообраќајот е во прекин и е пренасочен по регионалниот пат.






