четврток, 11 јуни 2026

Трамп: Курдите нè изневерија, нема да им го заборавам тоа (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „не се сложил“ со одлуката за вооружување на курдските милитанти во Ирак во обид да го соборат иранскиот режим на почетокот на војната.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Бројни извештаи опишуваат заеднички план на Соединетите Американски Држави и Израел за испраќање оружје до курдските групи и евентуално поддршка на вооружен бунт против Техеран.

Се проценува дека протекувањето информации до медиумите, лобирањето од меѓународните актери, вклучувајќи го и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, и претпазливоста на самите Курди довеле до тоа Трамп конечно да ја напушти идејата, пишува Тајмс оф Израел.

Трамп постојано тврди дека САД ги снабдувале со оружје Курдите, кои наводно го задржале наместо да го користат за борба против Иран. „Искрено, Курдите нè изневерија. Не се согласував со таа одлука. Велев: „Не, не верувам дека ќе го остварат тоа“, изјави Трамп денес за Фокс њуз.

„Мислам дека го задржаа американското оружје за себе. Мислам дека е штета, но нема да им го заборавам тоа“, додаде Трамп.

Тој жестоко го критикуваше медиумското известување за војната во Иран, тврдејќи дека дури и иранските функционери биле изненадени од тоа колку добро се снаоѓаат „во весниците“. Потоа го пофали известувањето на дописникот за надворешна политика на Фокс њуз Треј Јингст.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ