„Во врска со задолжителната обука за управување на мотоцикл до 125цм3 (категорија А1 со автоматски менувач, до 11 kW), обука и потврди можат да спроведуваат и издаваат автошколи кои имаат лиценци за А1 категорија. Обуката трае четири часа и опфаќа клучни теми за безбедноста: заштитна опрема, контрола и стабилност на мотоциклот, превоз на сопатник и справување со ризици на патот. Воедно, ги информираме граѓаните дека потребно е кандидатот да достави лекарско уверение, како и потврда дека нема забрана за управување од Б категорија. Доколку лицето кое се стекнало со потврда добие забрана за Б категорија автоматски повлекува и забрана за управување со потврдата“, соопшти МВР.
Оваа задолжителна обука, се наведува во соопштението, се однесува за лица кои имаат минимум 23 години возраст и поседуваат минимум пет години важечка возачка дозвола од категорија „Б“, не помлади.
„Не смее да се управува мотоцикл до 125цм3 доколку не се помине теоретската обука и не се обезбеди потврда од автошкола“, потсетуваат од МВР.






