четврток, 11 јуни 2026

Иран: Примирјето со Америка стана бесмислено

Министерството за надворешни работи на Иран најостро ги осуди американските воздушни напади врз Техеран извршени во текот на ноќта, велејќи дека овие напади го направиле договорот за прекин на огнот „практично бесмислен“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Нелегалните и криминални напади на Соединетите Американски Држави во изминатите неколку часа не само што претставуваат флагрантно кршење на Повелбата на Обединетите нации и основните правила на меѓународното право за почитување на националниот суверенитет и територијалниот интегритет на државите, туку и го направија прекинот на огнот постигнат на 8 април практично бесмислен“, се наведува во официјалното соопштение на министерството, кое го пренесоа иранските медиуми.

Оваа остра реакција од Техеран дојде откако американската војска започна нов бран воздушни напади втора ноќ по ред, користејќи авиони од носачи и од аеродроми за таргетирање цели низ Иран, вклучувајќи ја покраината Алборз, но и цивилна инфраструктура, како што е водоводната станица во селото Бемани на јужниот брег на земјата.

Вашингтон ги оправда овие операции со правото на самоодбрана по претходното наводно соборување на американски хеликоптер „апачи“, а претседателот Доналд Трамп кажа дека нападите ќе продолжат со полн интензитет ако Иран одбие да го потпише понудениот мировен договор.

Иран веднаш одговори на американските напади со масовни ракетни контранапади, испукувајќи балистички ракети и беспилотни летала кон американските воени позиции и воздухопловни бази во Јордан, Кувајт и Бахреин.

И покрај жестоката дводневна размена на оган и привременото затворање на воздушниот простор во регионот, дипломатски извори потврдуваат дека преговорите за прелиминарен договор и одмрзнување на милијарди долари ирански средства сè уште се во тек, а катарските медијатори го напуштија Техеран дури утрово по целовечерните состаноци со иранските претставници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ