петок, 12 јуни 2026

НАТО го намалува бројот на војниците на Косово

НАТО во текот на следната година постепено ќе го приспособува бројот на припадниците на својата мировна мисија на Косово, која се спроведува од 1999 година, поради постабилната безбедносна состојба во земјата.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„НАТО и КФОР им остануваат целосно посветени на безбедноста и сигурноста на Косово“, соопшти генералот на американските воздухопловни сили Алексус Г. Гринкевич, врховен сојузнички командант за Европа (САЦЕУР).

„Токму таа посветеност придонесе за поголема стабилност, бидејќи безбедносните организации на Косово станаа поспособни. Сегашните услови создаваат можност за понатамошна оптимизација на големината и распоредот на силите на КФОР“, додаде тој.

Од НАТО соопштија дека намалувањето на бројот на војниците ќе се одвива во согласност со националните циклуси на ротација на контингентите, во периодот од сега до следната година.

Промените ќе се спроведуваат постепено и во согласност со состојбата на теренот, а доколку се појави потреба, НАТО ќе може да ја преиспита и да ја поништи оваа одлука.

КФОР е распореден на Косово од јуни 1999 година врз основа на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации и останува главната меѓународна безбедносна мисија во земјата. НАТО истакнува дека и покрај планираното намалување на силите, Алијансата ќе продолжи внимателно да ја следи безбедносната состојба и да обезбедува стабилност во регионот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ