петок, 12 јуни 2026

Трамп се обрати: Тукушто постигнавме големо решение за војната со Иран, многу јак меморандум

Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва изјави дека Ормускиот теснец ќе биде отворен веднаш штом ќе биде потпишано „големото решение“ за војната со Иран, за кое рече дека очекува да се случи во наредните неколку дена.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Токму сега постигнавме големо решение за војната со Иран. Теснецот официјално ќе биде отворен штом ќе го потпишеме, што би можело да биде наскоро, можеби во текот на викендот во Европа“, најави Трамп во Овалната соба.

Тој додаде дека разговарал со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и со лидерите на Катар, Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија, Бахреин, Кувајт и други земји од регионот. Рече дека наскоро ќе разговара и со турскиот претседател Ердоган.

„Најважно е што имаме договор дека Иран никогаш нема да поседува нуклеарно оружје, што беше и целата смисла на она низ што моравме да поминеме за да го постигнеме тоа. Значи, тоа е многу голема работа“, рече Трамп.

Претходно денеска тој ги откажа новите напади врз Иран, наведувајќи дека „конечните точки“ на почетниот мировен договор се одобрени и дека деталите за церемонијата на потпишување наскоро ќе бидат објавени.

Трамп рече дека верува оти иранскиот врховен водач Моџтаба Хамнеи го одобрил договорот со САД.

Тој го опиша договорот како „многу јак меморандум за разбирање“, додавајќи дека е „малку концептуален“, но дека ќе биде спроведен.

Иранската новинска агенција Фарс објави дека Техеран најверојатно ќе го одобри договорот, иако сè уште не дал официјален одговор.

Откажувањето на нападот се случи само неколку часа откако претседателот изјави дека американската војска ќе го нападне Иран трета ноќ по ред.

Од средината на март, Трамп повеќепати тврдеше дека договорот со Иран за ставање крај на војната е блиску. Двете страни разменуваа напади во текот на целата недела, прекршувајќи го примирјето постигнато во април.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ