Граѓаните препознаваат дека секогаш приватниот интерес за СДС е поважен од државниот. Тоа го потврдија неколкупати на избори, а бројките велат дека повеќе од 80% граѓани сметаат дека барањата на Бугарија за внесување на Бугари во Устав не треба да се прифатат.
Единствен кој ова го поддржува е Филипче. Зошто Филипче продолжува да инсистира да се случат овие измени? Ставот на Бугарија околу ова прашање е цврст, јасен и не е променет. Ставот на македонскиот народ е исто така јасен. Граѓаните не сакаат Македонија да биде во ЕУ по секоја цена. Јавното мислење околу ова се сведува на Македонија во ЕУ, да, но со достоинство, интегритет и идентитет.
Македонија заслужува да има достоинствен евроинтегративен пат, а не редефинирана историја и ново национално предавство за да може Филипче и неговиот најтесен круг повторно да се богатат на грбот на народот“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.






