петок, 12 јуни 2026

Општина Чаир демантира дека спортскиот базен се гради незаконски

Во интерес на точно и објективно информирање на јавноста, Општина Чаир информира дека проектот за изградба на затворениот спортски базен во училиштето „Исмаил Ќемали“ е реализиран согласно договорните обврски и важечките законски прописи. Финансиските обврски поврзани со проектот се реализираат согласно договорот, законските процедури и утврдената динамика, при што Општина Чаир во целост ги почитува одредбите од Законот за јавните набавки, се наведува во денешното соопштение на Општина Чаир откако вчера Центарот за гражански комуникации (ЦГК) објави дека тендерот за училишниот базен во Општина Чаир вреден 890 илјади евра, останал завршен само на хартија.

Објавено на

часот

Сподели

Според Општина Чаир, градежните работи кои се предмет на договорот за јавна набавка се целосно реализирани во согласност со предвидената динамика и условите утврдени во договорот.

„Активностите кои се однесуваат на приклучување на електричната и водоводната мрежа, како и спроведување на одредени тестирања и постапки за ставање на објектот во целосна функција, не претставуваат дел од договорот за јавна набавка за изградба на базенот. Истите се реализираат во соработка и координација со надлежните институции и јавни претпријатија по завршувањето на градежните работи. Изградбата и ставањето во употреба на училишниот затворен спортски базен претставува значајна инвестиција во образованието и спортот и е дел од пошироките заложби на Општина Чаир за унапредување на јавната инфраструктура и создавање поквалитетни услови за живот на граѓаните“, реагираат до Општина Чаир.

Оттаму се децидни дека подобрувањето на условите за младите останува највисок приоритет на Општина Чаир.

„Општина Чаир останува посветена на транспарентно и одговорно работење, како и на реализација на проекти кои носат долгорочни придобивки за учениците, младите и сите жители на општината. Воедно, Општина Чаир ги повикува сите заинтересирани страни кои сакаат детално да се информираат за сите активности, да ја посетат интернет страницата на општината www.cair.gov.mk или да се обратат до соодветните општински служби“, велат од Општина Чаир.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ