петок, 12 јуни 2026

Наум Пановски добитник на „Рациново признание“ за 2026 година

Авторот и есеист Наум Пановски е добитник на највисокото „Рациново признание“ за 2026 година. Оваа награда ја добива за романот „Коста Солев Смртопис“, роман, кој според жири комисјата, е со став, идеја и повик за себе-преиспитување. На конкурсот пристигнале 25 дела, од кои жири комисијата во состав проф. д-р Елизабета Шелева, проф. д-р Лорета Георгиевска Јаковлева и проф. д-р Марија Ѓорѓиева Димова одлучила престижната литературна награда да ја добие токму романот „Коста Солев Смртопис“.

Објавено на

часот

Сподели

„Романот на Наум Пановски се заснова на проверени факти и посветена истражувачка работа и во него за прв пат е расветлен уделот што во животот на Коста Солев го одиграле две образовани млади жени, Невенка Вуиќ и Малина Поп Иванова, со кои тој ги споделувал и ги градел своите прогресивни идеи, поглед кон светот, замислата и борбата за класна правда во општеството. Во својот роман Пановски порачува дека сите носиме одговорност и вина за неговата трагична смрт“, се наведува во дел од образложението на одлуката за доделување на наградата на Пановски.
Наградата „Рациново признание“ ќе му биде врачена на свеченото отворање на 63-тото издание на меѓународните Рацинови средби.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ