петок, 12 јуни 2026

Николоски од Истанбул: Македонија и Турција градат заедничка визија за економски развој

Зголемување на економската соработка и трговската размена меѓу Македонија и Турција, унапредување на билатерланите односи и создавање нови можности за соработка и инвестиции, била темата на средбата меѓу заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски со министерот за трговија Омер Болат како и Абдулкадир Уралоглу,  министерот за транспорт на Турција. Средбата се одржалa во рамки на македонско-турскиот бизнис форум што се одржува денеска во Истанбул. Владината делегација е предводена од премиерот Христијан Мицкоски, во чиј состав се и министри од економскиот, енергетскиот и инфраструктурниот сектор. Домаќин на настанот од турска страна е министерот за трговија Омер Болат, а организатори се турското Министерство за трговија и Советот за надворешни економски односи.

Објавено на

часот

Сподели

На средбата биле потврдени заедничките заложби на двете земји за продлабочување на економските врски, притоа се разговараше за конкретни чекори кои ќе придонесат за зголемување на трговската размена, поттикнување на инвестициите и подобрување на деловната клима за компаниите од двете држави.

„Турција претставува еден од најзначајните економски и трговски партнери на Македонија, долгогодишните пријателски односи меѓу двете земји се темел врз кој успешно се развива и економската соработка. Во духот на ова партнерство, целта е односите да ги подигнеме на уште повисоко ниво, преку нови иницијативи и зголемена економска активност“, истакнал вицепремиерот Николоски.

Посебен фокус на средбата, информира Министерството за транспорт, бил ставен на развој на инфраструктурата и  регионалното поврзување, а притоа вицепремиерот истакнал дека во Македонија се реализира најобемниот инвестициски циклус во изградба и модернизација на целокупната инфраструктура и ги повика сите заинтересирани турски компании да земат учество на меѓународните повици.

„Голем број успешни турски компании веќе работат на македонскиот пазар и даваат значаен придонес во развојот на економијата, отворањето нови работни места и зголемувањето на конкурентноста. Токму ваквите позитивни искуства претставуваат дополнителен поттик за привлекување нови инвеститори“, истакна вицепремиерот Николоски.

Говорниците, се вели во соопштението,  се согласиле дека Македонија и Турција ќе продолжат да градат силно партнерство засновано на меѓусебна доверба, пријателство и заедничка визија за економски развој и поголема регионална соработка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ