петок, 12 јуни 2026

Мбапе не знае кој е шампион на Африка, но не знаат ни Африканците

Франција за четири дена ќе го почне настапот на Светското првенство, а првиот противник на Французите е селекцијата на Сенегал.

Објавено на

часот

Сподели

Мбапе не е сигурен дали Сенегал или Мароко е шампион на Африка. Но, не знаат ни многу други. Сенегалците го кренаа пехарот, а по неколку месеци Мароко беше прогласен за шампион откако доби спор на зелена маса.

Сенегал најави жалба на таквата одлука и одби да го врати пехарот, па дискутабилно е тоа кој е шампион на Африка.

„Се соочуваме со африканските шампион… но, јас не знам дали Мароко или Сенегал го освоија првенството на крајот. Ајде да речеме дека играме против африканските шампиони“, изјави Мбапе.

Франција и Сенегал се дел од групата И во која се уште и Норвешка и Ирак.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ