петок, 12 јуни 2026

Нетанјаху: Додека сум јас премиер Иран нема да има нуклеарно оружје

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се огласи по повод најавата на американскиот претседател дека договорот со Иран е неизбежен. „Сè додека сум јас премиер на Израел, Иран нема да има нуклеарно оружје“, порача Нетанјаху во соопштение од неговиот кабинет.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Претседателот (на САД Доналд) Трамп и јас сме во целосна согласност по тоа прашање“, додаде тој. Израелскиот премиер тврди и дека, доколку не биле неговите напори, Иран „ќе имаше атомски бомби за да го уништи Израел одамна“. „Додека сум премиер на Израел, ова нема да се случи“, повтори тој, според Ал џезира.

Во меѓувреме, иранските државни медиуми објавија нови детали за можен меморандум за разбирање кој Вашингтон и Техеран се обидуваат да го финализираат. Според агенцијата ИРНА, двете најчувствителни прашања – иранската нуклеарна програма и идниот статус на Ормускиот теснец – нема да бидат вклучени во првата фаза од договорот.

Според иранските медиуми, меморандумот треба да претставува само почетен чекор во поширокиот дипломатски процес меѓу САД и Иран. Преговорите за нуклеарната програма треба да започнат дури откако ќе биде потпишана, а целта е да се заврши во рок од 60 дена.

ИРНА го истакнува и ставот на Техеран дека управувањето со Ормускиот теснец треба да го одлучат регионалните држави, првенствено Иран и Оман, додека Вашингтон и неговите сојузници инсистираат на слободна меѓународна пловидба низ еден од најважните енергетски коридори во светот.

Според дипломатски извори, договорот би можел да биде потпишан веќе следната недела за време на самитот на Г7, но клучните прашања што со години се извор на конфликт меѓу Вашингтон и Техеран остануваат отворени и ќе бидат предмет на одделни преговори.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ