петок, 12 јуни 2026

Ѕвезда на Гана не доби канадска виза, го пропушта првиот меч на СП

Досега САД беше во центарот на вниманието со одбивање на учесници да влезат во земјата, во ова сега ѝ се приклучи и Канада.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Ѕвездата на Гана, Томас Парти, нема да биде дел од првиот меч на неговата репрезентација бидејќи не доби виза од Канада.

Тоа е мечот против Панама кој се игра на 17 јуни.

ФИФА ја соопшти веста и се исклучи од вина.

„ФИФА може да потврди дека играчот Томас Парти нема да може да патува од базниот камп на тимот на Гана во Бостон, САД, до Канада за нивниот прв натпревар против Панама во среда, 17 јуни, бидејќи неговата апликација за виза е одбиена од канадската влада.

ФИФА не е вклучена во имиграциските процеси на земјите домаќини, вклучително и во решавањето на визите. Како и со претходните настани на ФИФА, владата домаќин на крајот одредува кој ќе добие виза и кој ќе биде примен во земјата“, стои во соопштението на ФИФА.

Ваквите проблеми кои ги прават САД и Канада ја доведуваат во прашање регуларноста на првенството.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ