Жирито беше во состав: Снежана Коневски Руси, претседател и членовите Дарко Лукиќ и Аида Буквиќ. Не се доделени следните награди: за рекламен материјал, за кореографија и сценски движења, за современа сценска драматизација и адаптација и за современ драмски текст.
-За мене комплетна претстава е „Страв и надеж“. Сите актери се подеднакво вклучени во проектот заедно со музичарите. Едноставно видовме целокупна претстава. Како традиционалист, имам око и уво да видам што е тоа што ме допира и секој член од публиката и затоа го одделуваш од другите“, рече Коневски-Руси.
Лукиќ додаде: Гледавме на компактност на сите сегменти, изборот на текстот, односот на режијата кон елементите на претставата, употребата на сценографијата и костимографијата во контекст на претставата. Претставата на МНТ беше највпечатлива.
Ова се сите награди на фестивалот:
- Награда за рекламен материјал не се доделува.
- Награда за кореографија и сценски движења не се доделува.
- Награда за музика „Филип Стевановски“ се доделува на Ирена Поповиќ Драговиќ за музиката во претставата „Страв и надеж“ во изведба на НУ МНТ Скопје.
- Награда за костимографија се доделува на Марија Пупучевска за костимите во претставата „Црнила“ во изведба на НТ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп.
- Награда за сценографија се доделува на Валентин Светозарев за сценографија во претставата „Црнила“ во изведба на НТ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп.
- Награда за современа сценска драматизација и адаптација не се доделува.
- Награда за современ драмски текст не се доделува.
- Награда за млад актер „Трајко Чоревски“ се доделува на Јеткин Сезеир за улогата на Амадеус во претставата „Амадеус“ во изведба на НУ Турски театар Скопје.
- Награда за млада актерка се доделува на Сара Спиркоска за улогата на Неда во претставата „Црнила“ на во изведба на НТ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп.
- Награда за женска епизодна улога се доделува на Биљана Драгиќевиќ Пројковска за улогата на Марија во претставата „Мачкина глава“ во изведба на НУ Драмски театар Скопје.
- Награда за машка епизодна улога „Димче Трајковски“ се доделува на Александар Степанулески за улогата на Симон во претставата „Мачкина глава“ во изведба на НУ Драмски театар Скопје
- Награда за главна женска улога се доделува на Слаѓана Вујошевиќ за улогата на Констанца во претставата „Амадеус“ во изведба на НУ Турски театар Скопје.
- Награда за главна машка улога „Кирил Ристоски“ се доделува на Димитар Ѓорѓиевски за улогата на Фезлиев во претставата „Црнила“ во изведба на НТ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп.
- Награда за режија се доделува на Дејан Пројковски за режијата на претставата „Црнила“ во изведба на НТ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп.
- Награда за уметничко остварување на претставата во целина се доделува на ансамблот на НУ МНТ за уметничко остварување во претставата „Страв и надеж“ според Франц Ксавер Крец, во режија на Татјана Мандиќ Ригонат.
На прашањето зошто не се доделени четирите награди, меѓу кои и за драмски текст, Дарко Лукиќ истакна дека „смислата на фестивалот е да работи на промоцијата на македонската драма, култура и традиција. Сугерирам на театрите да се занимаваат со македонските автори многу повеќе“.
Коневски-Руси додаде дека со програмата „Драмолетање“, фестивалот веќе прави чекор напред за објавување драмски дела.

Во чест на наградените, вечерва ќе имаме ексклузивна можност да ја гледаме последната претстава и особено актуена претстава на Балканот периодов, токму од Дејан Дуковски, автор во фокус на фестивалот. Ана Стојаноска, уметнички директор на фестивалот истакна дека ова е голем чекор и подарок од фестивалот за публиката.
На прес-конференција можевме да ги запознаеме актерите: Милутин Милошевиќ, Наташа Марковиќ, Ања Ќурчиќ, Јана Милосављевиќ, Милан Зариќ, Амар Ќоровиќ, Бојана Стојковиќ и Љубомир Булајиќ.
Вечерва тие по десетти пат ќе ја изведат претставата чија премиера беше на 14 март годинава, а гостувањето во Прилеп им е прво надвор од Србија.
За соработката со Дејан Дуковски тие споделија дека била со многу почит кон нив и на суптилен начин давал насоки.
Наташа Марковиќ која игра мајка во семејството истакна дека Дуковски ѝ бил позитивна провокација. Таа посочи дека проектот се работел долго, односно со прекини и поради протестите во Србија, но и дека тоа позитивно влијаело на проектот.
Посебно е задоволството кога во театарот се отвораат теми кои не нудат готови одговори, туку поттикнуваат на размислување.
-Оливер Фрлиќ е прекрасна за соработка, отворен, искрен, тоа е режисер што ги сака актерите и не се плаши да ги покаже своите несигурности, а со тоа им влева и доверба.
За Ања Ќурќиќ, која игра трансродово лице, на прашањето што е најхрабро за неа во претставата, таа вели дека оваа претстава е храбра поради воведувањето на трансродовоста како тема, нешто што прв пат се обработува во Србија, но и поради нејзиниот специфичен концептуален и жанровски пристап.
-Важно е да допреме до публика, која можеби и не оди толку многу во театар. Моите родители, на пример. Тие беа на премиера и имаа многу прашања за мојата улога како Ангел. Мајка ми и виски пиеше отпосле – се пошегува актерката Ќурќиќ.
Милутин Милошевиќ го толкува Димитрија, таткото на семејството кое се распаѓа под притисокот на транзициите, но тој истовремено е и луциден лик. Милошевиќ истакна дека јубилејот на фестивалот и годината посветена на Дуковски им дава дополнителна одговорност и трема пред вечерашната изведба.






