петок, 12 јуни 2026

Ѓорѓиевски: Се уредуваат парковите „Македонија“ 1, 2 и 3 во Карпош

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски информира дека се почнати активности за уредување на паркот „Македонија“ 1, 2 и 3 во Карпош, каде се поставува нова урбана опрема – клупи, корпи за отпадоци, како и уредување на летниковците кои секојдневно ги користат голем број граѓани.

Објавено на

часот

Сподели

„Го уредуваме еден од најубавите паркови во Скопје. Парковите се белите дробови на градот. Таму децата растат, семејствата создаваат спомени, младите се дружат, а повозрасните наоѓаат мир, сенка и простор за одмор. Токму затоа, започнавме со уредување на паркот ‘Македонија’ 1, 2 и 3 во Карпош, каде поставуваме нова урбана опрема – клупи, корпи за отпадоци, како и уредување на летниковците кои секојдневно ги користат голем број граѓани“, објави Ѓорѓиевски на Фејсбук.

Нашата обврска, додаде тој, е парковите да бидат чисти, уредени, безбедни и достојни за сите посетители.

„Затоа редовно ги одржуваме зелените површини кои се под надлежност на Град Скопје, но истовремено упатувам и апел до сите граѓани – да ги чуваме парковите како свој дом. Само со совесен однос можеме да имаме поубав, почист и позелен град“, нагласи градоначалникот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ