петок, 12 јуни 2026

Македонски државјанин уапсен во Албанија, во гума од комбе скрил 1 кг хероин

Македонски државјанин од Струга е уапсен во Албанија откако полицијата во Елбасан во комбе открила еден килограм хероин, за кој се сомнева дека бил прошверцуван преку нелегален премин на македонско-албанската граница.

Објавено на

часот

Сподели

Албанската полиција соопшти дека акцијата била реализирана на патниот правец Булќиза–Либражд, каде што било запрено сомнително комбе за рутинска контрола.

Во возилото се наоѓале 32-годишниот Л.Г. од Струга и 45-годишниот А.Б. од Драч, а при деталниот претрес полицајците откриле дека во една од гумите бил скриен еден килограм хероин.

„Сомнителното возило, во кое патувале државјанинот од Република Македонија, Л.Г.(32) од Струга и албанскиот државјанин А.Б. (45) од Драч, било запрено за проверки на патниот правец Булќиза-Либражд. При контрола во гума на возилото откриени и запленети се килограм хероин, прошверцуван од македонска на албанска територија, преку зелениот појас на границата“, се наведува во полициското соопштение.

Според истрагата, наркотикот бил наменет за продажба на албанскиот нарко-пазар.

Покрај хероинот, полицијата како материјални докази ги одзела и комбето од марката „фиат“, два мобилни телефона, како и 40.000 албански леки, 50 евра и 290 македонски денари.

Целокупната документација е доставена до Обвинителството во Елбасан, кое ќе ја води понатамошната постапка. Уапсените ќе одговараат под сомнение за кривичното дело „трговија со наркотични супстанции“, согласно албанското законодавство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ