петок, 12 јуни 2026

Болничари и хигиеничари од Детската клиника на протест

Пред зградата на Министерството за здарвстѕво денеска педесеттина болничари, хигиеничари и административци од Детската клиника протестираа и побараа објаснување зошто нивните договори за дело на се продолжени од јануари годинава. Тие велат дека досега од надлежните не добиле никакво образложение.

Објавено на

часот

Сподели

„Од Министерството за здравство ни велат дека нема средства. Бевме и во Министерството за финансии од каде ни кажаа дека ќе се обидат да ја средат работата, но до денеска немаме никаков одговор. Меѓу нас има лица кои работеле и по четири и по осум години со договор на дело“, вели еден од учесниците на протестот.

Министерот за здравство Азир Алиу порача дека министерството креира политики базирани на податоци и потреби кои ги има здравствениот систем.

Директорот на детската клиника Реџеп Мемеди тврди дека установата има потреба од овој персонал и дека тој навреме поднел барања за продолжување на работниот ангажман на овие лица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ