„Денес, Европската Унија направи голем чекор напред. Сите земји членки се согласија да го отворат првиот кластер на преговори за пристапување со Украина и Молдавија“, кажа Кошта. Првиот преговарачки кластер вклучува пет поглавја: поглавје 5 Јавни набавки, поглавје 18 Статистика, поглавје 23 Правда и основни права и поглавје 24 Правда, слобода и безбедност. Овие поглавја се ‘рбетот на процесот на пристапување и се првите што се отвораат, а последните што се затвораат.
Првиот кластер ги опфаќа основните вредности и принципи врз кои е изградена ЕУ, од владеењето на правото до силните демократски институции. Отворањето на преговорите со Украина долго време беше блокирано од поранешната унгарска влада на Виктор Орбан, која ги загуби изборите во април.
Исто така во понеделник, во Луксембург ќе се одржи меѓувладина конференција за пристапување со Црна Гора, каде што земјата ќе ги затвори преговорите за Поглавје 2 Слобода на движење на работниците и Поглавје 28 Заштита на потрошувачите и здравјето. Црна Гора напредуваше најдалеку во процесот на пристапување и досега затвори 14 поглавја од преговорите, а до крајот на годината има намера да ги затвори сите преостанати.






