Путин го најави новиот систем за време на состанок со воени претставници. Неговата изјава ја пренесе новинската агенција Интерфакс.
Руските новински агенции потоа објавија дека Путин потпишал декрет со кој големината на руските вооружени сили се одредува на 2.399.130 луѓе. Од тој број, 1.510.000 се активен воен персонал.
Путин денес објави и дека руските сили ќе ги засилат нападите врз украинската инфраструктура како одговор на украинските напади во Русија. На состанок со воените претставници тој кажа дека Москва мора „адекватно да одговори“ и дека ќе продолжи да ги интензивира нападите врз цели што ги смета за клучна инфраструктура.
Рускиот претседател потврди дека руската економија успешно се опоравува и покрај штетата предизвикана од украинските напади и кажа дека повеќе од 700.000 руски војници се распоредени во зоната, како што ја нарекува Москва, на „специјални воени операции“. Тој призна дека руските сили не напредуваат толку брзо колку што би сакал Кремљ, но потврди дека Русија „чекор по чекор ги враќа своите територии под контрола“.






