петок, 12 јуни 2026

САД: Иран се обврзува трајно да се откаже од нуклеарно оружје

Висок функционер од администрацијата на Трамп во телефонски разговор со новинарите даде детали за напредокот на преговорите со Иран, според кои Техеран е должен да се откаже од нуклеарното оружје на неопределено време. Иранските функционери блиски до врховниот лидер Моџтаба Хамнеи наводно се задоволни од состојбата на преговорите, но американскиот функционер не потврди дали самиот ајатолах дал конечно одобрение за договорот, пишува Скај њуз.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

И покрај отворените прашања, функционерот кажа дека се 85 проценти сигурни дека договорот ќе биде потпишан, иако локацијата на потпишувањето сè уште не е одредена. Тој изрази и верување дека Израел ќе се приклучи на договорот, и покрај неговите континуирани напади врз Либан. Иран претходно го постави прекинувањето на тие напади како услов за постигнувањето договор.

Во врска со нуклеарната програма на Иран, функционерот кажа дека Иран е посветен да не развива или стекнува нуклеарно оружје на неопределено време. Таа обврска, како што се вели, вклучува демонтирање на програмата за нуклеарно оружје и растурање на нуклеарните постројки.

Според неговите зборови, Иранците се обврзале да го уништат и отстранат целиот збогатен материјал, но ќе биде потребно време да се разработи како да се направи тоа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ