сабота, 13 јуни 2026

Македонските тенисери ја победија Грузија и ќе играат меч за промоција против Црна Гора

Македонските тенисери успеаја во дуелот од 3.коло од Третата Европска група да остварат победа над Грузија со 2:0 и на тој начин да го освојат второто место во групата и денеска во дуел со Црна Гора ќе се борат за промоција (враќање) во Втората Светска група од Дејвис купот.

Објавено на

часот

Сподели

Лошото време и дождот направи многу проблеми на организаторите, па не беше реализирана целата програма – мечот во двојки не се одигра, откако македонските тенисери ги добија сингл мечевите.

Во првиот меч Калин Ивановски го совлада Александре Бакши со 2-0 во сетови (75 62), за потоа Олег Приходко со пресврт да стигне до победа во мечот со Саба Пурцаладзе со 2-1 во сетови (67(4) 61 63). Од причина што имаше долг прекин поради дождот и победникот беше решен, мечот во двојки не се одигра.

Македонија го освои второто место во групата, зад Молдавија, а пред Грузија и Косово.

Денеска во дуелот за промоција – пласман во Втората Светска Група македонските тенисери ќе играат против Црна Гора.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ