сабота, 13 јуни 2026

Трамп: Убиен еден од најбараните криминалци во светот (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп во петокот изјави дека американските сили извршиле напад во кој е убиен Хектор Растенфорд Гереро Флорес, водачот на венецуелската затворска банда Трен де Арагва.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

„Според мои инструкции, Јужната команда на Соединетите Американски Држави зададе брз и смртоносен удар за успешно елиминирање на Нино Гереро, озлогласениот водач на Трен де Арагва, една од најопасните терористички организации на планетата“, изјави Трамп во објава на својата мрежа Трут соушл доцна во петокот.

„Акцијата е тесно координирана со нашите пријатели во Венецуела, со кои соработуваме многу добро“, додаде тој.

Трамп не прецизираше точно каде се случил нападот.

Министерството за информации на Венецуела не одговори веднаш на барањето за коментар.

Администрацијата на Трамп воведе повеќе санкции врз Гереро и други лидери на организацијата Трен де Арагва за наводна вмешаност во криминални активности како што се трговија со дрога и луѓе и перење пари.

Американскиот Стејт департмент ја означи бандата како странска терористичка организација.

Трамп тврдеше дека групата ги координирала своите активности во САД со владата на венецуелскиот претседател Николас Мадуро.

Администрацијата на Трамп ја искористи наводната поврзаност како оправдување за депортирање на некои имигранти од САД во затвор во Ел Салвадор.

Белата куќа, Пентагон и Јужната команда не одговорија веднаш на барањето за коментар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ