среда, 10 јуни 2026

Лишен од слобода 34-годишен скопјанец, нападнал полицаец и упатувал закани

Полициски службеници од СВР Скопје на 09.06.2026 година во 11:00 часот во скопската општина Аеродром го лишиле од слобода Д.С. (34) од Скопје, откако агресивно се однесувал кон полициски службеници кои преземале службени дејствија.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информира полицијата, тој им упатувал закани на службените лица, а потоа и физички нападнал еден полициски службеник.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ