Во објава на социјалната мрежа Трут соушл, Трамп ги повтори тврдењата дека иранската војска е „целосен и апсолутен хаос“ и тврди дека иранската морнарица и воздухопловни сили „практично повеќе не постојат“.
„Тие се целосно поразени. Иран е само разговор без акција. Насилникот од Блискиот Исток е МРТОВ!!!“, напиша Трамп.
Тој додаде дека Иран „предолго одложувал“ во постигнувањето договор кој, според него, би бил поволен за нив и рече: „Сега ќе мора да ја платат цената!!!“, без да даде дополнителни детали.
Изјавите доаѓаат во време на зголемени тензии меѓу САД и Иран, по серијата воени напади и контранапади во регионот и неизвесноста околу продолжувањето на дипломатските преговори.






