Како што информира МВР, на 09.06.2026 година во 11:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот е пронајдена почината Д.А. (59).
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, при што не биле забележани видливи траги на насилство. По насоки на јавен обвинител, телото на починатата е предадено на обдукција за утврдување на причините за смртта.






